| четврток, 6 декември 2018 |

Што ќе ви се случи ако не ги менувате гаќите секој ден?

dolna-obleka

Од суштинско значење е редовното, секојдневно променување на долната облека, особено на гаќите, почнувајќи од секое дете кое цел ден си игра, па се до вработените жени кои цел ден се со обврски.

Но понекогаш се случува да се занемари оваа хигиенска навика. Меѓутоа, ако почесто се занемарува промената на долната облека, може да настанат некои здравствени проблеми.

Бактериите кои се населуваат на ткаенината имаат одлична подлога за раст и развој, бидејќи средината е влажна и топла. Притоа, кога бактериите енормно ќе се размножат, предизвикуваат иритација.

1.Прекумерно чешање

Некои сметаат дека чешањето го добиваат откако ќе ги променат гаѓите. Тоа може да се случи доколку вашата кожа е чувствителна на прашоците.

Затоа, плакнете ги по двапати на програмот од машината за перење, а по сушењето задолжително пеглајте ги. Во тој случај ќе се уништат и заостанатите спори од бактериите кои не се уништиле при перењето.

2.Осип и ранички

Ако имате прекумерен јадеж кој предизвикува ранички, можно е причината да ја побарате во валканите гаќи. Бактериите и нечистотијата која може да биде и невидлива за голо око, предизвикува инфекции и иритација на кожата.

Може да станува збор за развој на бактерии или габички. Лекувањето честопати е долговремено, и бара често променување на долната облека и редовно одржување на хигиената.

3.Не сте се истуширале па затоа не ги променувате гаќите

Ова е погрешно размислување, зошто секому може да се случи, некогаш да не може да се истушира пред спиење. Но тоа не значи дека не треба да ја промени долната облека.

На вашите гениталии им е потребен свеж воздух за да бидат здрави. Затоа од исклучително значење е да се променат гаѓите, бидејќи во спротивно од вашата флора ќе започне да испарува непријатна миризба.

4.Може да се развијат големи инфекции

Ако вежбате или многу сте се испотиле, тоа ќе предизвика прекумерна влага. Влажната средина е совршена подлога за развој на бактериите. Голем број инфекции започнуваат на овој начин.

Најверојатно сте слушнале дека најдобри се памучните гаќи, додека синтетските и чипканите се уште еден фактор ризик за инфекции.

5.Инфекција на уринарниот тракт

Ова е еден од најголемите проблеми со кои се соочува жената уште како дете. Меѓу другите симптоми е и печење при уринирање кое може да биде дури и неподносливо.

Во секое време бактериите може да си овозможат пат од вагиналната празнина до мочниот меур и да предизвикаат инфекција. Ако навремено не се третира, набрзо може да се претвори во инфекција на бубрезите.

Колку пати и колку често треба да се променува долната облека?

Според многу истражувања, промената на долната облека, барем еднаш дневно е препорачливо. Ако вежбате редовно, треба тоа да го правите дополнително, после секој тренинг.

Ако цел ден сте излезени надвор во движење, ќе треба да ја промените вашата долна облека двапати дневно. На тој начин ќе спречите појава на уринарни и вагинални инфекции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top