| четврток, 6 декември 2018 |

Во Кина е забрането провокативно јадење банани на интернет

Кинеските власти им забранија на луѓето да се снимаат како јадат банани на „заводлив“ начин, како и да се облекуваат еротски во текот преносите во живо преку интернет.

Како што пренесува „Би-би-си“, повикувајќи се на кинескиот „Њу експрес“, интернет сајтовите за преноси во живо мора да го надгледуваат целиот свој сообраќај во текот на целиот ден и да внимаваат некој некаде да не јаде банани „еротски“.

Се наведува и дека сега е забрането да се носат долги проѕирни најлон чорапи и подвезици. Ова е најновиот обид на властите да ја намалат „непримерната и еротска“ содржина на интернет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top