| четврток, 6 декември 2018 |

Една година од Куманово: Хулиганите на СДСМ, радикалите на Беса и платениците на Сорос повикуваат на ново Куманово (ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО)

Осуммина полицајци, осуммина херои, припадници на безбедносните сили ги положија своите животи во мај минатата година, во кумановската населба Диво Насеље, за да ја одбранат Македонија.

Во 28-часовна непрекината борба македонската полиција ја изведе најтешката, најсложената операција, а македонските бранители со сите сили и во служба на државата го бранеа народот.

zaginati-kumanovo-640x444

  • Жарко Кузмановски (р. 1981), од с. Брвеница, Тетово
  • Ненад Серафимовски (р. 1987), од с. Зубовце, Гостивар
  • Сашо Самојловски (р. 1982), од с. Брвеница, Тетово
  • Бобан Ивановиќ (р. 1968), од с. Стајковци, Скопје
  • Горан Илијевски (р. 1974), од Гостивар
  • Исамедин Османи (р. 1983), од с. Студеничани, Скопје
  • Љубиша Аранѓеловиќ (р. 1966), од Скопје
  • Горан Стојменовиќ (р. 1970), од Миладиновци, Скопје

СЛАВА ИМ!

 

 

 

 

Македонија тој кобен ден загуби осум херои: Жарко Кузмановски, Ненад Серафимовски, Сашо Самојловски, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Исамедин Османи, Љубиша Аранѓеловиќ и Горан Стојменовиќ.

Загубивме херои кои заедно со нивните колеги спречија убиства на можеби осум илјади луѓе. Слава им! Нивниот патриотизам и херојство ќе биде пример и водилка на идните генерации. Нивната жртва нема да се заборави. Покрај убиените ранети и повредени се уште 37 полицајци, изјави тогашниот премиер Никола Груевски.

Насилниците кои синоќа дивееја во Скопје, поттикнати од СДСМ и СОРОС удрија по македонската полиција. Полицајците кои постојано се во одбрана на граѓаните, вчера беа жртва на удари од неколку хулигани. Тие освен што ги тепаа и пцуеја македонските бранители, им посакаа уште еднаш да им се случи „Куманово“.

Народот е згрозен по ова. СДСМ и СОРОС како поттикнувачи на овие немири не се оградија од ваквото однесување. Така, преку ова видео беше испратена порака до цела Македонија, до сите граѓани. Но, ваквото нивно однесување со сигурност најмногу ќе ги здоболи мајките, сопругите и децата на загинатите во Диво Насеље кои го положија животот да спасат илјадници граѓани.

huligani-vrz-policija

Мал дел од тие граѓани, со вжештени глави, на протести поддржани од СДСМ и СОРОС, посакуваат да има уште жртви меѓу припадниците на безбедносните сили.

Лани во мај Заев и СДСМ за теснопартиски интереси тврдеа дека кумановските настани се сценарио на власта. На македонската јавност ѝ потрошија неколку месеци време и енергија со кампања против власта и антидржавните напади поврзани со настаните во Кумановско.

zaev selfi divo naselje (2)

Лидерот на СДСМ тогаш не ги посети семејствата на загинатите бранители ниту припадниците на безбедносните сили кои беа повредени во акцијата за неутрализирање на терористите. Напротив, Заев го посети Диво Насеље и во добро расположение се фотографираше со жителите.

zaev selfi divo naselje (1)

Во континуитет даде повеќе изјави со кои се фрлаше сенка на акцијата, а опозицискиот блок иницираше и отворање на меѓународна истрага поради сомневања за исценирање на кумановските настани.

zaev-alb-zname-pred-vlada

Еден од најскандалозните ставови за акцијата во Куманово дојде токму од портпаролот на СДСМ. Додека македонските специјалци војуваа со терористите тој на фејсбук напиша статус во кој се исмеваше со трагичните настани.

shilegov status divo naselje kamaj

„Како мал не му давале да си игра камај, па сега мора тоа да го изживее. Не знам дали му кажале, дека во камај имаше и еден термин кога ќе те фатат. Тогаш на фатениот му се викаше жив…”, напиша Шилегов по борбата на полицајците со групата за која Заев надвор велеше дека е еднакво сериозна како онаа од Париз.

И поразениот претседателски кандидат на СДСМ Стево Пендаровски излезе со скандалозно тврдење за бугарска информативна агенција.

Инцидентот во Куманово е фабрикуван од власта и поконкретно од македонската партија во владејачката коалиција на премиерот Груевски – рече Стево Пендаровски во изјава која ја пренесе Либертас.

stevo pendarovski izjava divo naselje libertas

Опозицискиот ПлусИнфо на Бранко Героски, лажеше дека во Диво Насеље се убиени цивили граѓани, а за да направат уште поголема тензија пишуваа дека полицијата убила бебе и мајка.

 

Однесувањето на Заев по овој настан стануваше поскандалозно. Тој обвинуваше дека не станува збор за тероризам туку за нешто сосема друго иако лицата кои убиваа македонски бранители докажано се терористи. Подоцна Заев се предомисли и рече дека во Диво Насеље се случил тероризам ист како во Париз. Кога јавноста побара конечен став од него за оваа чувствителна тема со која тој буквално си играѓе, Заев уште еднаш го смени својот став потенцирајќи дека имало терористи, но не бил терористички акт туку нешто друго.

zaev-spasovski

Заев на настан во Љубљана организиран од „Ифимес“ говореше за случувањата во Куманово од 9 и 10 мај, во кои животот го загибија осум припадници на безбедносните сили и 10 терористи.

Заев овие трагични настани ги споредува со терористичките напади во Париз.

Случувањата во Кумаово се истотака терористички акт како што го видовме во Париз. Еден од тие луѓе кои влегоа во центарот на Куманово, се повратници од Сирија, тие се бореле таму, исто како што се бореле луѓето што направиле терористичките напади во Париз или што ја поставија бомбата во рускиот авион.

 

Настаните во Куманово се случија во екот на опозициските протести пред владата. И покрај сериозната закана по безбедноста на државата агендата на опозицијата не беше променета – голем дел од безбедносните сили и натаму беа ангажирани за обезбедување на настаните на СДСМ, меѓу другото и за големиот митинг кој сепак се одржа само 7 дена по крвавите настани.

За разлика од настаните во Париз, во кои загинаа над 130 лица, македонските безбедносни сили со акцијата во Диво Насеље целосно спречија терористичката група да предизвика цивилни жртви. Неофицијално, биле планирани големи напади во главниот град меѓу кои и напад на Камениот мост и на еден голем трговски центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top