Вчера во 11.10 часот од страна на полициски службеници во близина на тунелите на автопатот во правец Демир Капија – Велес, забележано е товарно возило „мерцедес“ управувано од Љ.М.(23) од с. Танушевци – Скопје, кое на даден знак да го запре возилото, продолжил да вози. По неколку километри го запрел возилото, по што заедно со совозачот Р.Ј.(20) од Скопје се дале во бегство.
По преземени мерки Љ.М. е приведен, а Р.Ј. успеал да избега. Во проверка на возилото, во просторот за товар се пронајдени 30 емигранти од Авганистан, Ирак и од Конго, кои се приведени во ПС-Неготино.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на Р.Ј. и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.