| четврток, 6 декември 2018 |

Момче (14) паднало во запалена трафостаница

Вчера околу 19.00 часот во нас. Жабино маало во Прилеп, поточно на ул.„Ленин“, група од три-четири деца поминувала покрај трафостаница, на која вратата на просторот кај високонапонските осигурувачи била отворена.

Од зесега непознати причини избувнал пожар, при што едно од децата на возраст од 14 години од Прилеп, паднало во трафостаницата. Другите деца успеале да го извадат, но од од пожарот се здобил со изгореници во пределот на грбот, рацете и на десната нога.

Од екипа на ТППЕ-Прилеп пожарот е изгаснат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top