| четврток, 6 декември 2018 |

Новинарот на Фокус Љубиша Арсиќ не кажа пред судот кој му ја сервирал аферата со лажните лични карти

fokus

Новинарот на Фокус Љубиша Арсиќ денеска во својство на сведок во судскиот процес против Чауш одби да каже кој му ги дал фалсификуваните лични карти за кои пишуваше дека наводно биле користени за изборни манипулации.

На прашањето на обвинителството дали го познава тој што ги дал, новинарот одговорил дека овој извор за него останува анонимен и дека не сака граѓаните идни пријавувачи на кривични дела да се одрекуваат од пријавување.

Арсиќ изјавил дека 105 лични карти му биле дадени на улица во лист хартија за кои му рекле дека има над 30.000 кои биле употребувани на избори, а се правеле на две локации во Скопје.

На првото рочиште, пак, пред судскиот совет, началникот на единицата за финансиски криминал во МВР, Сашо Јовановски, кој учествувал во вештачењата на запленетите лични карти потврди дека станува збор за истите лични карти кои ги објави неделникот “Фокус”, односно новинарот Љубиша Арсиќ и кои потоа беа достaвeни во МВР. На најдените лични карти биле вметнати идентитети на 54 лица. Јованоски исто така изјави дека личните карти најдени во домот на Чауш не биле употребувани во изборите.

– Направивме проверка на списокот на ДИК, и во пишана и во електронска форма. Утврдивме дека 105. фалсификувани лични карти не се употребени во изборна постапка, а не биле употребени ниту во Катастарот , ниту во Централниот регистар, рече Јовановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top