-Собранието во последните четири години секогаш е позитивно оценето во извештаите на ЕУ. Значи, без оглед на мојата перцепција, соодветна е оценката од ЕУ, а тоа се четири години позитивна оцена за Собранието на Република Македонија. Тоа е и моја заслуга како претседател и на сите пратеници од која било политичка опција.
Одредени случувања, нереди или моментни кризи се случуваат и во други држави и парламенти. Некогаш се со помал, некогаш со поголем размер, но треба да се има капацитет и вештина да се надминат ваквите немили епизоди, да се извлечат поуки и парламентот да продолжи со редовното работење. Тоа да биде како опомена како не треба нешто да се прави, а заедничка цел да ни биде градењето силен парламент, со силна контролна улога, каква што треба да има.
Ова што го велам го велам како претседател на парламент, а не како член на политичка партија. Затоа што сакам да имаме парламент што ќе ја има таа улога што треба да ја има во согласност со Уставот.
Бевте напаѓани и професионално и приватно. Како се носевте со тоа?
-Јас сум долго време во политиката и научен сум дека треба да бидам подложен на јавност. Ако имаме нешто директно кон некоја политичка личност, тоа треба да биде насочено директно кон неа, а не индиректно, преку други да наштетуваме. Треба да се држиме до семејните вредности, да не се чепка семејството, меѓусебно да се почитуваме и да настојуваме да бидеме политички коректни. Ние сме уште општество во кое владеат и се почитуваат одредени традиции и така треба да продолжиме.
Секоја личност, ако држи до своето семејство, најтешко му паѓа кога се напаѓаат членовите на неговото семејство. Тие се најмалку виновни што некој член од семејството е на јавна функција. За жал, имаше такви напади, кои, условно, се злоупотребија за политички цели, за нанесување штета. Јас би им препорачал секогаш да имаат предвид дека на тој начин не добиваат ништо, туку само наштетуваат на една личност што се гради. Непотребно е на тој начин да се добиваат поени. Доколку некој го цени семејството. Доколку не го ценат семејството, не размислуваат семејно, оваа порака, сепак, нема да продре до нив.
Целото интервју со претседателот на Собранието на РМ, Трајко Вељановски прочитајте го во новиот број на неделникот „Република“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Виолета Џолева, режисерка: Со првиот мјузикл за деца сакам да им се заблагодарам на маестро Џамбазов и на Оливера Николова
-
Ново продолжение на Собранието за бришење на РМ утре во 11 часот
-
Предлог законот за амнестија на лицата обвинети за „27. април“ не е усвоен
-
Членовите на ВМРО – ДПМНЕ ја напуштија седницата за одземање на мандатот на Груевски