| четврток, 6 декември 2018 |

Кацин: Извинувањето на Николиќ е голема и важна порака

tomislav_nikolicГолема и важна државна порака, е оценката на Јелко Кацин, европскиот известувач за Србија, за извинувањето на српскиот претседател Томислав Николиќ. Николиќ во интервју за босанската телевизија БХТ се извини за сите злосторства, кои во Босна и Херцеговина, во име на Србија и на српскиот народ, ги направил кој било поединец.

– Не е доволно нешто да се каже еднаш, треба да се види какви ќе бидат натамошните чекори и што ќе биде кажано во некоја друга пригода. Но, секако, би кажал дека е исклучително добродојдена не само за БиХ – тоа е вистинска порака во вистинското време и на вистинското место, пред утрешната расправа во Собрание, го пренесува „Танјуг“ Кацин.

Николиќ на прашањето за геноцидот во Сребреница прво вели дека тој мора да се докаже, но додава дека „клекнува на колена и бара помилување за Србија поради тоа злосторство“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top