| четврток, 6 декември 2018 |

Ова се моите два најтешки дена: Македонија има сила, а сите кои сакаат да ѝ нанесат зло, ќе завршат како оваа терористичка група

Неопходноста и тајмингот, рече тогашниот премиер Никола Груевски, беа прецизно определени и секое одложување носеше ризици. Разбиената терористичка група во Куманово планирала масовни убиства со цел дестабилизација на Македонија со напади врз различни цели како трговски центри и спортски натпревари

gruevski

Ова се моите два најтешки дена, убиени се 8, ранети 37 полицајци. Бевме под закана на опасна терористичка група која им се закануваше на сите, истакна Никола Груевски, по завршувањето на акцијата во Куманово пред точно една година, на 10 мај 2015 година.

Македонската полиција имаше високо професионална акција во Куманово. За жал, загубивме осум луѓе кои заедно со своите колеги спречија убиство на можеби 8.000 лица. Нивната жртва никогаш нема да се заборави, рече Груевски, и јавно им честита на сите припадници на безбедносни сили кои учествуваа во акцијата во Куманово.

За време на акцијата постоела одлична координација помеѓу институциите, а во акцијата учествувале полицајци од сите етнички и верски заедници.

Ова не е македонско-албански судир, туку на оние кои не и сакаат добро на државата. Тоа им носи штета на сите – рече Груевски.

Борбата на единиците на МВР со терористите непрекинато траела 28 часа.

divo naselje 4

Околу 30 терористи по повеќечасовна акција излегоа со бели знамиња се предадоа и ќе им се суди според македонски закони и судови, нагласи Груевски. Пронајдени се 14 тела и се уште се идентификуваат. Според првични сознанија, тоа се лицата кои направија напад врз Гошинце и се учесници и во други конфликти, специјалци за герилско и за терористичко делување. Се сметаа за најопасна група на Балканот.

Разбиената терористичка група во Куманово планирала масовни убиства со цел дестабилизација на Македонија, со напади врз различни цели како шопинг молови и спортски натпревари, рече Груевски.

epa04739635 Macedonian special police officers in an armored vehicle secure an area in Kumanovo, the Former Yugoslav Republic of Macedonia, during a coordinated police action against an armed group in the region on 09 May 2015. Unofficial sources claim three officers were injured, without police confirmation during the ongoing action that started early in the morning 09 May.  EPA/STR

Македонија има сила и ваквите настани нема да ја одвратат Македонија од нејзиниот зацртан пат и сите кои се спротивставуваат и сакаат да и нанесат зло како овие терористи, ќе бидат елиминирани и ќе завршат како оваа групација, со 24-часовна борба, додаде Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top