Ново чудо се случи во Струмица. Световниот и духовен лидер на социјалдемократите успеја во невозможното, ја пренесува торжествено „Минус инфо“ чудесната вест.
По само два часа тет-а-тет со расколникот и Архиепископ на ПОА, Јован Вранишковски, Зоран Заев успеја да го преобрати изгубеното чедо и да го натера да ја отфрли идејата за формирање на ПОА и создавањето паралелна црква на МПЦ-ОА, соопшти порталот повикувајќи се на високи извори од штедилницата на Вицето.
Поточно, по само час и 45 минути, Јован Вранишковски излегол од собата, лоцирана над клучната во прикаската менувачница, и со блажена насмевка, во нов божествен транс им соопштил на своите тројца поданици со кои до ден-денеска ја оддржуваше во живот измислената црква.
-„Чеда мои, ја превреднивме нашата црква, јас доживеав ново просветлување! ПОА веќе не постои! Од денеска ние сме дел од црквата на ОЗНА – Обединета Заева Негаторска Архиепископија! Од овој момент, ќе го пропагираме насекаде неговото слово, Заев е вистинскиот спасител, ме спаси и мене! Слава му!“ – извикал растреперено Јован бацувајќи ги нозете на Заев.
Световниот и духовен лидер, кој пред 40-на години бил црпнат од нивите во Муртино, само трепкал со очињата, се’ уште бааги црвени од преслушување незаконски разговори, го погалил Јована, ги избришал лигите од десната нога и покајнички викнал:
-„Амин! Го прогласувам Јован за Архиепископ на мојата црква и ветувам дека ќе му го поплочам патот кон новата црква со многу евра од Вицето, тендери и уште толку аболиции! Со корнишони не, оти не сакам да го отрујам! Менувачницата од утре ќе работи и како црква, а на влез ке оставате по евро кај оној голтарот, олтарот де!“ – викнал и се свртел Заев, полн со духовен мир во очите, им мавнал на верниците и заминал со новото друштво брадосани чеда, со кои ставил уште цели 4 гласа на контото на СДСМ.
Вечерта во Скопје шарените револуционери се собрале во голем број да го величааат чинот на создавањето на ОЗНА и со различни бои се потпишале за влез во новата Црква. Тв „24 паравести“ пренесе дека и Пимен бил на ниет да им се приклучи, но барал барем едно „Порше“ и да биде најмалку вице-архиепископ на ОЗНА.
Извори на „А1, оф!“ тврдат дека преговорите меѓу дават Зорани, еден сегашен и еден некогашен, биле мачни и тешки, иако траеле кусо. Вранишковски не се давал лесно во промена на црквата за која добил многу пари од Анфилохие, па дури и парите од „Глобал“ и два-три прислушувани разговори со проститутки лесно не завршиле работа.
Конечниот чекор, пренесе ексклузивно ТВ „Селма“, била заканата дека – доколку не се согласи да придонесе со нова црква во Шарената „револуција“, Јован ќе мора да изеде макар еден корнишон пред заминување. Исплашен од нивната токсичност, за која Јован чул многу прикаски, па дури и дека со неа биле мачкани страниците на книгата во „Името на розата“, расколникот попуштил и со новостокмено, насмејано лице се согласил на дел од „Глобал“.
Шареното друштво го повикало Грчев да им ја дизајнира црквата-менувачница на ОЗНА, а потоа Јован преминал на сопственото миропомазание, мачкајќи се со шарени бои по телото кои требало да го крепат, просветлуваат и усовршуваат во новиот духовен живот.
Олаф од Фрозен
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Олаф од Фрозен
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст