| четврток, 6 декември 2018 |

СЛАВА ИМ НА ХЕРОИТЕ: Ги дадоа животите во одбрана на Македонија

divo-naselje-policajciНа денешен ден, пред една година, во кумановската населба „Диво насеље“ животот го положија осум македонски херои, кои загинаа бранејќи ја својата татковина при полициска акција за разбивање на вооружена терористичка група.

Полициската акција започна рано утрината во 04:30 часот и траеше непрекинато речиси 28 часа, сè до 1о часот на 10 мај се додека специјалците целосно не ја неутрализираа и елиминираа терористичката група од која дел се предадоа во саботата навечер.

Во уличните борби со теориристите низ густо населената населба  загинаа осум припадници на специјалните единици, а дури 37 беа ранети.

Овие имиња Македонија вечно ќе ги памети како херои кои ги дадоа животите во одбрана на Македонија

  • Жарко Кузмановски (р. 1981), од с. Брвеница, Тетово
  • Ненад Серафимовски (р. 1987), од с. Зубовце, Гостивар
  • Сашо Самојловски (р. 1982), од с. Брвеница, Тетово
  • Бобан Ивановиќ (р. 1968), од с. Стајковци, Скопје
  • Горан Илијевски (р. 1974), од Гостивар
  • Исамедин Османи (р. 1983), од с. Студеничани, Скопје
  • Љубиша Аранѓеловиќ (р. 1966), од Скопје
  • Горан Стојменовиќ (р. 1970), од Миладиновци, Скопје

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top