| четврток, 6 декември 2018 |

Платениците на Сoрос еднаш револуционери, а секогаш жртви

vizer-maraton-640x427-54151

Лицемерното однесување на таканаречените револуционери, кои веќе подолго време сквернават и уништуваат споменици и државни институции и напаѓаат полицајци, излегува на очиглед на македонската јавност.

Кога тие „шарени револуционери“ уништуваат сѐ пред себе и ја напаѓаат полицијата тогаш тоа е израз на граѓански активизам и право на протест, а кога некој ќе им се спротивстави, тогаш веднаш стануваат жртви на наводно насилство и се жалат на сите страни.

objava1

На денешниот скопски маратон активисти на соросовото движење „Солидарност“, како што самите велат, се појавиле со политички транспарент, но набрзо истиот им бил одземен откако, како што самите тврдат, биле турнати на страна од непознати лица.

За ваквиот случај соросовите платенички револуционери веднаш ги алармираа опозициските медиуми кои секако не пропуштаат да ги претстават како жртви на режимот.

Она што е симптоматично во овој случај е фактот дека излегува на површина хипокризијата на овие фарбачи, кои додека сквернават, уништуваат и тепаат полиција се револуционери, а кога некој барем малку ќе им се спротивстави тогаш се невидени жртви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top