| четврток, 6 декември 2018 |

Во судир на два автобуси и цистерна со гориво во Авганистан загинаа 73 лица (ФОТО)

bus-tanker-afghan.jpg_1718483346

Бројот на загинатите во судирот на два автобуси и една цистерна со гориво, што денеска се случи на фрекфентен автопат во Авганистан, се искачи на 73 лица, соопшти денеска авганистанското Министерство за здравство.

– Повеќето загинати се изгорени и целосно непрепознатливи, изјави портпаролот на Министертсвото Исмаил Кавоси, пренесува МИА.

Локалните власти соопштија дека меѓу загинатите има жени и деца.

– Во несреќата, исто така, се повредени повеќе десетици лица, а се очекува бројот на жртвите да се зголеми, изјави портпаролот на гувернерот на источната авганистанска провинција Газни, Џавед Саланги.

Тој утрово наведе дека 73 патници од автобусот се повредени и префрлени во болница и додаде дека документите покажуваат дека во двата автобуса во моментот на несреќата се наоѓале вкупно 125 патници.

До сударот дошло на главниот автопат што ги поврзува престолнината Кабул и Кандахар, на југот од Авганистан, а возилата потоа се запалиле.

– Несреќата била предизвикана од невнимателно возење, рече директорот на локалната управа за сообраќај Мохамадула Ахмади.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top