| четврток, 6 декември 2018 |

Плачот ги спасил: Деца мигранти заробени во пломбирана приколка кај Идризово

beglci batev

фото: Наќе Батев

Три малолетни деца, мигранти, се пронајдени вчера откако нивните молби за помош ги слушнал возачот на камионот во чија приколка биле децата, иако приколката била со царинска пломба.

Камионот бил паркиран во местото Дрма, во атарот на скопското село Идризово.

Полицијата соопшти дека камионот бил со српски регистарски таблички, а го управувал Б.Ѓ. од Ниш, Србија.

Возачот влегол во Македонија од Грција. Бидејќи било рано наутро, го паркирал камионот во селото Идризово. Сакал да го продолжи патот вчера во 17 часот. Но, кога стигнал до камионот, слушнал дека некој од приколката вика за помош. Приколката претходно била пломбирана на царина.

По добиената пријава, на местото се упатени служби од СВР – Скопје, од Царината, од Секторот за економски криминал и мобилен граничен тим. Цариниците ја скинале пломбата на приколката и внатре се пронајдени три малолетни лица мигранти. Според нивно кажување, едното има 17 години, а останатите две се по 15 години.

МВР презема мерки да го расветли случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top