| четврток, 6 декември 2018 |

Слики на незадоволство: Денот на Европа совршен за дијагностицирање на смртните болести на Старата дама (ГАЛЕРИЈА)

Вчерашниот ден го одбележаа протсти низ Европа. На загрепчани им пречеше Тито, на десничарите во Берлин политиката на Ангела Меркел, а најдраматично беше на граничниот премин Бернер, на италијанско-австриската граница, каде што група демонстранти се судри со полицијата поради најавеното заострување на контролата на границите поради нов прилив на бегалци.

demonstracii evropa 9 maj (1)

Немири на преминот Бренер на австриско-италијанската граница Неколку стотици демонстранти и десетина анархисти изразија несогласување со плановите на Виена да изгради ограда и така да им го ограничи пристапот на мигрантите

demonstracii evropa 9 maj (11)

Судир на анархистите и полицијата Италијанската полиција со солзавец ги запре демонстрантите неколку стотини метри од границата со Италија, а анархистите опремени со кациги и гас-маски ги гаѓаа полицајците со камења и петарди. Во немирите беа повредени двајца полицајци, а во притвор се задржани десетина демонстранти

demonstracii evropa 9 maj (10)

Демонстрантите блокираа автопат и пруга Локалната полиција во австриската покраина Тирол тврди дека околу 600 демонстранти учестувале во третиот насилен протест на граничниот премин Бренер

demonstracii evropa 9 maj (9)

Граничниот премин Бренер го користат бегалци и баратели на азил. Кон крајот на април австриската полиција објави дека планира да подигне ограда на овој премин за да се спречи преминот на бегалците без документи

 

demonstracii evropa 9 maj (1)

Транспаренти „Тито е злосторник“ и „Тито, масовен убиец и терорист“ Повеќе од 2000 луѓе излегоа на протест за преименување на Плоштадот Маршал Тито во Загреб. Собирот пред Хрватскиот народен театар, односно на спорниот плоштад го организирала граѓанската иницијатива Круг за Трг, која повеќе од десет години органзира такви собирања. Во повикот за протест пишува деја ја ценат најавата на владата дека може да се очекува промена на името на плоштадот, но дека ќе ги продолжат собирањата се додека името на маршалот Тито не биде тргнато од хрватските јавни простори

demonstracii evropa 9 maj (8)

Протести во Берлин Германската полиција уапси неколку лица и пукаше со солзавец кога повеќемина симпатизери на левичарските партии на вчерашните протести во Берлин во склоп на контрапротестите на десничарите се обидоа да ги пробијат барикадите меѓу двете групи и ја гаѓаа полицијата со шишиња

demonstracii evropa 9 maj (7)

Медиумите различно известуваа за бројот на учесници Ројтерс, повикувајќи се на извори од полицијата, наведувадека се собрале околу 1800 симпатизери на екстремната десница, кои протестирале пред Главната железничка станица во Берлин поради политиката на отворени врати што ја застапува канцеларката Меркел кон бегалците и истакнува дека тој број е двојно помал од оној што се очекувал

demonstracii evropa 9 maj (6)

Транспаренти „Не на исламот на германска територија“ и „Меркел мора да си замине“ Додека десничарите извикуваа „Ние сме луѓе“, граѓаните зад полицискиот кордон возвраќале „Не, не сте“. Протестот привлече помалку луѓе од очекуваното, а во Берлин на повеќе места собири одржаа и поддржувачи на политиката на Меркел. Истовремено околу 7.500 учесници на контрапротестите шетаа по германската престолнина

demonstracii evropa 9 maj (5)

„Нацисти надвор“ АП јавува дека пред седиштето на германската канцеларка се собрале околу 1000 екстремисти и околу 4500 контрапротестанти , а двете групи ги разделувал полициски кордон. Контрадемонстрантите повремено фрлале шишиња и кригли и извикувале „Нацисти, надвор“

demonstracii evropa 9 maj (4)

Протест во Варшава Повеќе од 1000 луѓе во центарот на Варшава протестираа против политиката на конзервативната влда која ја сметаат за антидемократска и штетна за положбта на Полска во ЕУ

demonstracii evropa 9 maj (3)

„Ние сме и ќе останеме во Европа“ Марш се одржа и ден по 12-годинината од членството на Полска во ЕУ. Насобраните Полјаци извикувале „Слобода, еднаквост, демократија“ и носеле знамиња на Полска и ЕУ

demonstracii evropa 9 maj (2)

Колона долга 3 километри Протесниот марш го организираа Граѓанската платформа и Комитетот за одбрана на демократијата. Од другата страна националистите кои ја поддржуваат конзервативната власт одржаа контрапротест на кој извикуваа пароли против Брисел

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top