За неколку дена започнува петтиот Пролетен Винофест. И оваа година ќе понуди одлична музичка програма за сите вкусови.
Годинава, од 11 од 15 мај на паркингот пред Веро Центар, секој ден од пладневните до доцните часови Скопје ќе пулсира во ритамот на виното и во настапите на босанскиот рапер Едо Маајка, неповторливиот Игор Џамбазов, мајсторите за забава Тропико бенд, најдобриот македонски хип-хоп диџеј Гоце САФ, младата атракција Чил плеј, шармерот Влатко Илиевски, кралот на народната песна Миле Кузмановски, шоуменот Жаре Бербер, Брас брадерс, Акустик дивижн, Бекдор бенд, Караванија, Каверленд, Диџеј Тина, Диџеј Александар Јорданов и други.
На овогодинешното издание ќе земат учество повеќе од десет македонски винарии. Покрај најубавите македонски вина посетителите ќе можат да уживаат и во вкусни и деликатесни мезиња од повеќе македонски мезиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст