| четврток, 6 декември 2018 |

Од чело на УЧК Кадри Весели застанува на чело на владејачката партија на Косово

Кадри Весели, поранешниот директор на косовската разузнавачка служба, е избран за наследник на испразнетото претседателско столче на владејачката Демократска партија на Косово (PDK). Тој доаѓа на местото на Хашим Тачи, кој пред еден месец ја презема должноста шеф на државата.

kadri veseli
Весели е избран едногласно на Конвенцијата на Демократската партија во Приштина, и притоа се обврза дека ќе ги продолжи „трајниот сојуз со САД“ и „прозападната“ ориентација на Косово.

Кадри Весели, многу близок соработник на Хашим Тачи, беше висок челник на поранешната Ослободителна војска на Косово, во која ја водел разузнавачката служба SHIK, официјално згасната во 2008 година.

Приштински и белградски медиуми одбележуваат дека името на Кадри Весели се споменува заедно со на Хашим Тачи, во Извештајот на Советот на Европа за аферата со трговија со човечки органи, главно на српски затвореници, во текот на војната на Косово во 1998/1999 година. Тачи, кому овој извештај од 2010 година силно му го наруши угледот во Европа, ги отфрла сите обвиненија.

Специјалниот суд за воени злосторства коишто ги извршиле косовските Албанци во текот на споменатиот судир со српските сили во оваа поранешна јужна српска покраина, треба да биде воспоставен во текот на годинава во Хаг и да ги истражува политичките убиства во коишто би можело да биде вмешано и разузнавањето водено од Весели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top