| четврток, 6 декември 2018 |

Русија се слади со „Малиот Обама“

obamka

Руска компанија пушти на пазарот сладолед наречен „Обамка”, што во превод од руски значи „Малиот Обама”.

Сладоледот е со чоколадна глазура, а на неговото пакување се гледа лице на насмеано африканско момче, со обетка на уво кое држи сладолед.

Претставник на момпанијата производител „Славица“ појасни дека новиот производ е дел од серија сладоледи, наменети за деца. На пакувањето ќе има симпатични ликови, додава претставникот на компанијата, дополнувајќи дека имињата на сладоледите треба да се такви што ќе се паметат.

– За луѓето со богата фантазија можеби името на сладолед предизвува различни асоцијации, но производот е за деца и нема никаква врска со политиката, прецизира претставникот на компанијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top