Aгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудува нападот на Телевизија Сител, којшто се случи вчеравечер, од страна на учесници во таканаречената „Шарена револуција“.
Правото на протест е уставно загарантирано, но исто така, основен предуслов за демократско општество е правото на слобода на прием и пренесување информации. Ова претставува директен атак врз слободата на медиумите, кој е уште еден во низата од почетокот на овие протести, се вели во соопштението на Aгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Ниту едно несогласување или различно гледиште не можат да бидат оправдување за напад. Затоа уште еднаш апелираме, да не се попречува работата на медиумите и медиумските професионалци, се вели во соопштението на Aгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.