Под мотото „За македонија се работи“ поддржувачите на ГДОМ порачуваат дека се против деструктивни сценарија и оти само со избори ќе биде ставен, како што истакнуваат, конечен крај на деструкциите на СДСМ и кризата во која, според нив, опозицијата ја втурна Македонија.
Лошото време не ги спречи кичевчани да се соберат на градскиот плоштад на третиот голем народен собир кој го организира ГДОМ.
– Веќе трет пат се собираме во Кичево со цел да испратиме порака за одржување на избори на 5 ти јуни, бидејќи народот на легитимни избори треба да ја изнесе правдата на виделина. Овие мирни собири, без вандализми и рушење на правниот поредок, ќе продолжат, поради тоа што народот сака избори, изјави Симо Трпески од ГДОМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.