| четврток, 6 декември 2018 |

Во Смилево одбележана годишнината 113 години од Смилевскиот Конгрес

smilevski kongresОпштина Демир Хисар со пригодна свеченост ја одбележа 113 годишнината од Смилевскиот Конгрес кој се одржа во истоименото демирхисарско село.

Традиционално, делегација на локалната самоуправа предводена од градоначалникот на општина Демир Хисар Љупчо Блажевски положи цвеќе пред спомен костурницата на Даме Груев и споменикот на смилевските илинденци.

– Никогаш не го забораваме овој светол датум, денот на одржувањето на Смилевскиот Конгрес, но и денот кога токму тука пред 113 години беа реорганизирани четите на ТМРО од страна на Смилевскиот конгрес што беше повод во 1992 година овој настан од нашата историја, Владата на Република Македонија да го востанови како Ден на полицијата, рече меѓу другото градоначалникот Блажевски на свеченоста во Смилево.

За учесниците на денешниот поводен собир, учесниците од ОУ „Даме Груев“-Демир Хисар и Здружението за заштита на ликот и делото на Даме Груев приредија историски час.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top