| четврток, 6 декември 2018 |

ГДОМ во Кичево: Преку мирни собири бараме одржување на закажаните избори

gdom-kicevo1

„Граѓанското движење за одбрана на Македонија“ и денеска одржува народни собири во Битола и Кичево.

Под мотото „За македонија се работи“ поддржувачите на ГДОМ порачуваат дека се против деструктивни сценарија и оти само со избори ќе биде ставен, како што истакнуваат, конечен крај на деструкциите на СДСМ и кризата во која, според нив, опозицијата ја втурна Македонија.

Лошото време не ги спречи кичевчани да се соберат на градскиот плоштад на третиот голем народен собир кој го организира ГДОМ.

kicevooo

– Веќе трет пат се собираме во Кичево со цел да испратиме порака за одржување на избори на 5 ти јуни, бидејќи народот на легитимни избори треба да ја изнесе правдата на виделина. Овие мирни собири, без вандализми и рушење на правниот поредок, ќе продолжат, поради тоа што народот сака избори, изјави Симо Трпески од ГДОМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top