| четврток, 6 декември 2018 |

Денес се отвораат капиите од оној свет- наслушнете што ќе ви кажат мртвите

magija

Мај е богат месец и енергетски и ритуално. Гледано по денови, ви пренесуваме што е добро да се прави или да не се прави во деновите со посебна енергија.

Денес е Свети Георгиј – Ѓурѓовден, преубав и многу значаен празник преполн со интересни ритуали. За здравје и среќа треба утринското капење да го направите во река или езеро. За да има постојано пари во домот, треба да се сипе вода во еден сад и во него да се стави златен или сребрен накит и да се остави така да преноќи. На тој начин се повикува финансиската моќ на куќата.

Исто така, 6 мај е многу значаен датум и за духовниот и за телесниот свет. На тој ден се отвораат капиите на оностраното и со самото тоа двата света се едно повеќе од десет часа. Тогаш може да се почувствува или да се прикаже некој близок кој починал и да ви пренесе некоја порака.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top