| четврток, 6 декември 2018 |

Карл фон Хабсбург: Не треба да се следи мала група која бега од избори и не е подготвена да победи!

Претседателот на Македонија го следи вледеењето на правото и беше апсолутно во право  кога рече дека многу од обвинувањата не се засновани на законски елементи и во целиот слободен свет ако изнесете незаконски доакзи нема да бидат прифатливи на суд и тоа во основа го кажа тој кога рече дека сите овие докази всушност се незаконски прибавени и затоа ја запре постапката. Поради ова Иванов  ја има сета моја почит, вели во своето гостување во емисијата „Гласот на народот “ Карл фон Хабсбург, актуелен претседател на Пан-европската Унија на Австрија и поранешен европратеник од редовите на Народната партија на Австрија.

fon-habs

-Мала група во Македонија вели дека “не сме подготвени да победиме“ и затоа сакат да се одложат изборите и мислам дека тоа не треба да се следи. Тука треба цврсто да се каже дека треба да се одржат изборите кога датумот е закажан и да се подготват дотогаш и сигурен сум дека сите сериозни меѓуанродни набљудувачи ќе се согласат со такво нешто.  Демократијата не е игра што може да ја игра некоја група која што ќе рече “изборите ќе се случат кога ќе бидам сигурен дека ќе победам“. Ова не е начин на кој што фунционира демократијата. Демократијата има реални избори, вели Фон Хабсбург.

Тој додава дека Македонија во текот на годините докажала дека е една од првите европски држави која покажа економски раст и дека го следи вистинскиот пат.

-Политичките случувања ја отежнаа ситуацијата во Македонија која дополнително е оптоварена со кризата со бегалците.  Македонија како држава докажа дека може да одржи стабилен економски раст и многу позитивна позиција во таа смилса, вели првиот човек на династијата Хабсбург.

Тој повторува дека изборите треба да се одржат и затоа оние луѓе и органзиации кои бараат одлагање на изборите треба да не се земат во рпоедвид, затоа што веќе беа одложени еднаш.

-Колку што јас гледам и колку што сум информиран изборите се добро подготвени, така да мислам дека е многу важно, бидејќи тие услови се воспоставени, да се продолжи со изборите, ќе го видиме резултатот, а резултатот мора да се почитува како што е нормално во цивилизираните држави, а токму тоа е Македонија, вели Фон Хабсбург.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top