Миграциската криза во Европа се наоѓа на „пресвртна точка”, благодарение на договорот со Турција за запирање на илегалната миграција, кој ги покажува првите резултати, изјави претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер за медиската група „Функе“.
Според договорот со ЕУ, Турција се согласи да помогне во одвраќањето на нелегалната миграција кон Европа во замена за забрзани преговори за членство, укинување на визите и финансиска помош.
Јункер изјави дека договорот склучен во март, веќе и помага на Европа да ги управува подобро миграциските текови. – Ние сме на пресвртна точка, изјави претседателот на Европската комисија.
– Договорот со Турција има ефект и бројот на мигрантите се намалува значително”, додаде тој.
Јункер ја критикуваше одлуката за поставување ограда на грчко-македонската граница.
– Не го делам ставот дека оваа ограда или поставувањето огради воопшто во Европа, може да придонесе за долгорочно решавање на миграциската криза, изјави претседателот на ЕК.
– Ограда може да ги спречи бегалците да се движат, но ниту една ограда или ѕид не се доволно високи за да се откажат овие луѓе да дојдат во Европа, кога бегаат од војна и насилство во својата татковина, коментира Јункер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст