Германскиот министер за земјоделие Кристијан Шмит вели дека Европската Унија нема да ги жртвува своите високи стандарди за храна во замена за полесен пристап до американскиот автомобилски пазар.
Една од опциите на Трансатланското трговско и инвестициско партнерство меѓу Вашингтон и САД предвидува пониски стандарди за храната што Америка сака да ја извезува во ЕУ и полесен пласман на европските автомобили на богатиот пазар во САД.
Во интервју за неделникот „Шпигел“ Шмит вели дека е време САД најпосле да направи исчекор доколку сака да се потпише договорот.
„САД досега не направија ниту една сериозна концесија“, вели министерот, според кого американските законодавци се лажат ако мислат дека можат да не придобијат со концесии во автомобилската индустрија.
„Нема да ги жртвуваме нашите високи стандарди во трговија за одобрување на извоз на автомобили. Едното нема врска до другото. Нема да има ваков вид на трговија“, вели Шмит за „Шпигел“.
Еколошката организација „Гринпис“ во понеделникот објави документи од преговорите според кои договорот би предизвикал опасни намалувања на стандардите за европските и американските потрошувачи. Според документот САД се обидува преку олеснување на увозот на автомобили од Европа да добие концесии за извоз на генетски модифицирани земјоделски производи.
Околу 70 отсто од Германците се против потпишување на договор за трговија со САД, што треба да создаде слободен пазар за околу 850 милиони луѓе. Пред две години 55 отсто беа против договорот.
Различни ставови за договорот има и во германската Влада во која канцеларката Меркел најави дека ќе стори се што може да за се завршат преговорите до крајот на годинава, а вицеканцеларот Зигмар Габриел, од СПД, предупреди дека доколку САД не дадат дополнителни концесии и се држат до своето мото „Купувајте американски производи“ договорот ќе пропадне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст