| четврток, 6 декември 2018 |

Понуда која не се одбива, Велко Маркоски останува во Загреб уште две години

velko markoski

Специјалецот во одбрана Велко Маркоски кој пред Нова година потпиша краткорочен договор со ППД Загреб ќе остане во редовите на хрватскиот првак уште две сезони.

Задоволни од неговите настапи во пролетниот дел од сезоната управата на загребчани му понудиле нов договор. И тренерот Веселин Вујовиќ на чија препорака дојде Маркоски во Загреб сака да го види македонскиот репрезентативец во иднина во неговата екипа.

ППД Загреб сезонава стигна до четвртфиналето на Лигата на шампионте каде беа елиминирани од екипата на ПСЖ, и беа едно од најпријатните изненадувања, особено што има млад и неискусен тим кој покажа дека може секому да му се спротистави.

Маркоски претходно играше во Работнички, но откако стигна понудата од Загреб реши да почне интернационална кариера, што е негово прво излегување надвор од Македонија.

– See more at: http://sportmedia.mk/rakomet/internacionalci/velko-markoski-dobi-dzhekpot-nov-dvegodishen-dogovor-so-zagreb#sthash.QHr5Ntt0.dpuf

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top