| четврток, 6 декември 2018 |

Таа е најмоќната жена во Северна Кореја, а ретко кој знае за неа

Северна Кореја се подготвува за големиот Конгрес, каков што не бил одржан веќе со децении, поточно цели 36 години. Ким Јонг-ун на тоа се одлучил за ја “зацементира” својата позиција на власт. Според пишувањето на “BBC”, покрај Ким Јонг-ун од сега сè почесто ќе се појавува неговата сестра Јо-јонг.

a2a44fe0ed1d3927ddf8850b4a7cd75a

Јужнокорејската новинска агенција Yonhap ги цитира тамошните експерти кои тврдат дека Јо-јонг ќе преземе важна министерска функција во Работничката партија на Северна Кореја.

Ким Јо-јонг е најмладата ќерка на покојниот Ким Јонг-ил а има иста мајка како и нејзините браќа Јонг-ун и Јонг-чол. Родена е во 1987. година, а наводно е многу блиска со Ким Јонг-ун, кој во неа има целосна доверба. Двајцата заедно живееле и студирале во Берн во Швајцарија. Таа е омажена за синот на Чо Рионг-хае, моќен партиски секретар.

Нејзината работа досега се сведувала на одржување на позитивниот имиџ на Ким Јонг-ун во јавноста. Го осмислува и будно го следи секој негов јавен настап, а го следи и неговиот дневен распоред, и често му дава политички совети.

4f6caeac6ea104123ba1eebece794ce6

Во јавност се појавува ретко, а била видена на погребот на својот татко и за време на преземањето на власта на Ким Јонг-ун во 2011. година.

Во октомври минатата година се појавиле гласини дека добила отказ во канцеларијата за пропаганда, бидејќи Ким Јонг-ун не бил задоволен од неа. Но, изгледа дека повторно ја добила неговата доверба, и сега ја чека висока министерска функција, пишува BBC.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top