Турски војници убиле пет лица во југоисточниот округ Газиантеп, кои се обиделе да преминат во Сирија и да се приклучат на групата „Исламска држава”. Други пет лица биле приведени, соопштија синоќа локалните власти.
Газиантеп граничи со округот Килис, кој во последно време е подложен на постојан напад од регион во Сирија, кој е под контрола на „Исламска држава”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.