| четврток, 6 декември 2018 |

Погледнете зошто некои луѓе ставаат лук во перницата

Слободно можеме да кажеме дека лукот е една од најздравите намирници, не само што изобилува со хранливи материи туку има и исклучителни лековити својства. Поради тоа лукот треба да се јаде секојдневно, но голем број го одбегнуваат поради непријатниот мирис. За да се елиминира мирисот, постојат повеќе методи за кои претходно пишувавме, а еден од најдобрите методи е да се проголта како капсула со јогурт или млеко, а потоа да се консумира магдонос.

Лукот може да помогне за различни здравствени состојби, но најмногу помага за лекување на црниот дроб, прочистување на крвта и крвните садови, за лекување на грип и настинки, за респираторни проблеми, а надворешно ако се аплицира спречува и лекува ќелавост. Постојат записи од древните Египќани дека при изградбата на пирамидите секојдневно џвакале лук поради своите антибиотски и лековити својства.
Најмоќното соединение кое лукот го содржи е алицинот, а најпотентен е кога пред консумација ќе се исечка и истолчи, па ќе отстои 15 минути пред да се изеде.

Можете да додадете растително масло и магдонос за да го неутрализирате мирисот.

Зошто некои луѓе го ставаат лукот под перница?

Веројатно сте слушнале дека некои луѓе го ставаат лукот под перница пред да одат на спиење – за да го подобрат нивниот сон. Некои други ставаат лук во џебовите – за добра среќа. Дури, и во старите верувања и преданија – лукот се носел со себеси за да се заштитат од лошите духови. Некои лукот го оставаат меѓу другата храна, во тавите и тенџерињата, за да ги елиминираат штетниците. Доколку и вие имате проблем со спиењето, обидете се со овој народен трик – ставете лукче под перница или носете го во џеб – за да ја елиминирате негативната енергија околу вас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top