| четврток, 6 декември 2018 |

Убиецорт на бабата е убиец и на Јелена

Полицијата трага по човек кој пред една деценија во Борча убил жена во близина на местото каде што е убиена Јелена. Злосторникот пред три години излегол од затвори, a бабата ја усмртил удирајќи ја со стап по главата

jelena

Бруталното убиство на Јелена Марјановиќ е се уште енигма за полицијата која ја прошири истрагата и трага по човек кој пред една деценија во Борча убил жена во близина на местото каде што е убиена Јелена. Злосторникот пред три години излегол од затвори, a бабата ја усмртил удирајќи ја со стап по главата.

Освен овој борчанин, кој ја усмртил старицата при разбојништво, а кој во моментов е недостапен, инспекторите испитуваат голем број луѓе од населбата Црвенка, кои имаат досие.

Од убиството на Јелена поминаа 35 дена, а полицијата тапка во место.

– На нејзиното тело има ДНК, но споредбата со друг биолошки материјал не дава резултат. Изолирана е од тренирката и од гаќичките. Биолошкиот материјал е мешовит, тешко може да се извади примерок, но недвосмислено е утврдено дека е машки. Се сомневаме дека потекнува до убиецот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top