| четврток, 6 декември 2018 |

„Комедија на грешки“ на Турски театар на сцената на Театар Комедија

НУ Турски Театар, ќе ја изведе преставата „Комедија на грешки“ од Вилијам Шекспир, а во режија на Коле Ангеловски на  10. 05. 2016  ( вторник ) со почеток во 20.00 часот. Претставата ќе биде изведена на сцената во Театар Комедија со титл на македонски јазик.

Sekspir KOMEDIJA Greski Turk Teatar

Автор: Вилијам ШЕКСПИР, Превод: Авни ГИВДА, Режија: Коле АНГЕЛОВСКИ, Сценограф: Илина АНГЕЛОВСКА, Костимограф: Раде Василев, Музика: Џенгиз ИБРАХИМ, Улогите ги толкуваат: АНТИФОЛ од ЕФЕС: Селпин КЕРИМ, АНТИФОЛ од СИРАКУЗА: Селпин КЕРИМ, ДРОМИО од ЕФЕС: Џенап САМЕТ, ДРОМИО од СИРАКУЗА: Џенап САМЕТ, БАЛТАЗАР: Ријад ТАХИР, АНЏЕЛО: Неат АЛИ, ПИНЧ: Ријад ТАХИР, АДРИЈАНА: Несрин ТАИР, ЛУЧИЈАНА: Сузан АКБЕЛГЕ, ИГУМАНИЈАТА: Фунда ИБРАХИМ, МЕТРЕСАТА: Зиба РАДОНЧИЌ, ЏАНДАР: Фунда ИБРАХИМ.

Sekspir Komedija Greski Turk Teatar 5

-КОМЕДИЈАТА НА ЗАБУНИ (ГРЕШКИ) е едно од најраните шекспирови дела, за првпат изведена на 28 декември 1594. Таа е и најкратката комедија, инспирирана од плаутовите МЕНЕХМИ, но Шекспир го збогатил дејствието, кое се базира на забуните и грешките што настануваат со промената на идентитетот на близнаците. Тоа е брза, скоро фарсична комедија, една од најиграните, преведувана на повеќе јазици, направени се мјузикли, опери, снимени филмови и безброј различни интерпретации.

Нашата претстава како основа го има шекспировиот текст и времето и времето во кое е напишан. Значи, сценографијата, костимите, музиката, начинот на говор се „шекспировски“ но бидејќи дејствието се случува во Ефес, медитерански град, кој се наоѓа во Турција, нормално е да има многу турски додатоци.

Исто така не можеме да бидеме рамнодушни на она што ни се случува денес, така да доста современи референци ќе се најдат во нашата претстава.

Но пред се оваа е една забавна и позитивна комедија и длабоко се надеваме дека ќе уживате додека ја гледате, како што ние уживавме додека ја работевме, вели Коле Ангеловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top