Тешка сообраќајна несреќа се случила на патот Дабиље – Струмица, во непосредна близина на мостот на реката Струмица. Автомобил марка „опел кадет“ излетал од патот. Во возилото биле татко и дете на околу четири години од селото Босилово.
Од непознати причини, возачот изгубил контрола над автомобилот и излетал во нивите. Најверојатно се движеле во правец од селото Петралинци кон Дабиље.
На местото на несреќата пристигнала полициска екипа и јавен обвинител. Детето и таткото се префрлени во општата болница Струмица, каде што е констатирана смрт на детето, додека таткото поминал со телесни повреди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.