| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп: На Британија ќе ѝ биде подобро без ЕУ

На Велика Британија ќе ѝ биде подобро без Европската унија (ЕУ), изјави водечкиот кандидат на американската Републиканска партија за претседателските избори во САД, Доналд Трамп.
Трамп за „Фокс њус“ рече дека емигрантската криза е „ужасна работа за Европа“ и ја обвини ЕУ дека сноси вина за оваа криза.

Како што пренесува „Би-Би-Си“, американскиот милијардер изјавил дека Велика Британија на референдумот на 23 јуни треба да ги прекине врските со ЕУ, нагласувајќи дека ова не е „препорака“, туку само „негов став“.

-Многу добро ја знам Велика Британија. Таму имам многу инвестиции – навел Трамп, додавајќи дека Британците треба „сами да донесат одлука за ова прашање“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top