Никол Шерзингер, пејачката што им го одзеде здивот на мажите во светот, има големи здравствени проблеми.
Таа неодамна признала дека има нарушување во исхраната, поточно дека страда од тежок облик на булимија. Но како што појаснила никој тоа не го забележал зошто со годините таа научила како тоа вешто да го крие од очите на јавноста. Познато е дека Никол од самиот почеток на кариеарата изгледа одлично, но зад нејзиното вито тело стои секојдневно вежбање во сала а сега на ред дојде и јога со која го почнува денот.
Останува прашањето дали Никол успеала да се избори со овој проблем, затоа што е познато дека булимиијата и анорексијата тешко се лекуваат, а голем број девојки целиот живот се борат со овие тешки болести.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.