Дваесет и осум лица загинаа во воздушен напад во бегалски камп во сириската провинција Идлиб, пренесоа светските агенции, цитирајќи го сирискиот Центар за набљудување на човековите права.
Меѓу жртвите има жени и деца.
Кампот е во близина на границата со Турција, во близина на градот Самарда. Десетици се повредени. Се очекува бројот на жртвите да се зголеми, бидејќи многу од нив се во тешка состојба. Не е познато кој го извршил нападот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.