Гостин на фестивалот „Про-за Балкан“ е најважниот издавач од САД за Европа Џон О’Брајан основач на великанот „Далки аркајв прес“. Еминентниот гостин е дел „Скопје фелоушип (Skopje fellowship) програмата, проект кој се одржува секоја година во рамките на фестивалот, соопшти организаторот.
Издавачи и писатели од Македонија ќе се запознаат со веројатно најважниот издавач од САД за Европа, а пред сè за Балканот, Џон О’Брајан. Издавачката куќа „Далки аркајв прес“ е една од најреномираните издавачки куќи во Северна Америка и една од ретките кои објавуваат литературни преводи и имаат професионална дистрибуција на пазарот во САД.„Далки аркајв прес“ е познат и по годишната антологија на нова европска проза во која промовира триесетина автори од Европа пред читателите во САД. Во завидното портфолио од околу илјада наслови, издавачот има и бисери како Луј Фердинанд Селин или Ѓерѓ Конрад, а од овие простори ги има објавено Данило Киш, Давид Албахари, Светислав Басара, Андреј Блатник, Драго Јанчар, Мухарем Баздуљ, Георги Господинов, се вели во соопштението.
Џон О’Брајан е издавач и основач на „Дакли аркајв прес“. Исто така, ангажиран е на Универзитетот „Хјустон“, Викторија. Има издадено повеќе од 100 научни статии, како и голем број на рецензии на книги и статии во списанија и весници. О’Брајан има добиено Награда за животно дело од Националниот Круг на литературни критичари, Награда за издавач на годината од Институтот за литература и превод на Кореја, а, исто така, е носител на титула витез од редот на уметностите и книжевноста на Република Франција.
Четвртото издание на фестивалот „Про-за Балкан“ ќе се одржи во Скопје од 29 до 31 мај во Даут-пашин амам, книжарница „Икона“ и ЕУ инфо-центар.
„Скопје фелоушип“ програмата е востановена во 2014 година, a е посветена на странските издавачи, директори и програмски менаџери на фестивали, литературни агенти и скаути.
Целта е важните имиња од познатите фестивали и од светот на издаваштвото да ги запознаеме со македонската книжевна сцена, од што, се надеваме, ќе произлезат нови преводи, гостување на писатели од Македонија во странство, промоција на литературата од Македонија но и од Балканот, вмрежување на писателите и културните работници од сферата на издаваштвото и книжевноста со колегите од Европа и светот, зголемување на видливоста на литературата од Македонија во странство… вели организаторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст