Граѓаните на Радовиш вечерва со масовна поддршка на народниот собир во организација на Граѓанското движење за одбрана на Македонија.
Радовишани порачуваат дека изборите мора да се одржат на 5 јуни и дека само на тој начин ќе се стави крај на кризата наметната од СДСМ. Освен во Радовиш, големи народни собири во организација на ГДОМ вечерва има и во Градско, Крива Паланка, Кочани, Битола и Ресен.
-Народот е на нозе и е обединет околу идејата дека избори мора да има и дека само изборите се патот кон завршување на кризата. Избори се единственото начин за ставање крај на агонијата во која се наоѓа Македонија. Македонија е обединета во еден глас: ова не смее да продолжи. Стоп за деструктивните сценарија, доста ни е од наметнатата криза. Избори мора да има! На изборите Македонија ќе победи, велат од ГДОМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст