Граѓаните на Крива Паланка вечерва масовно излегоа на собирот во организација на Граѓанското движење за одбрана на Македонија и испратија порака дека изборите треба да се одржат на 5 јуни, а со тоа да се стави крај на политичката криза во која СДСМ ја втурна Македонија. ЗА МАКЕДОНИЈА СЕ РАБОТИ, порачуваат кривопаланчани.
Освен во Крива Паланка, големи народни собири во организација на ГДОМ вечерва има и во Градско, Радовиш, Кочани, Битола и Ресен.
-Народот е на нозе и е обединет околу идејата дека избори мора да има и дека само изборите се патот кон завршување на кризата. Денеска за своето врвно демократско право сами да одлучуваат за својата иднина на избори ќе ја пратат граѓаните од Градско, Радовиш, Крива Паланка, Кочани, Битола и Ресен.Избори се единственото начин за ставање крај на агонијата во која се наоѓа Македонија. Македонија е обединета во еден глас: ова не смее да продолжи. Стоп за деструктивните сценарија, доста ни е од наметнатата криза. Избори мора да има! На изборите Македонија ќе победи! Сите собири започнуваат во 19 часот, велат од ГДОМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст