| четврток, 6 декември 2018 |

Црногорски турбо-фолк пејач добил бакшиш од 18.500 евра од играч на Реал Мадрид

Бобан Рајковиќ, црногорски турбо-фолк пејач неодамна имаше настап во сплитска „Арена“, во Хрвтска каде што ја наполни салата до последно место.

Во разговор за тамошните медиуми тој открил дека пеел и за некои хрватски фудбалерски репрезентативци.

-Најдраг бакшиш ми е оној од Матео Ковачиќ, фудбалер на Реал Мадрид. Тој ми даде 18.500 евра. Кога би имало повеќе такви ноќи, не би се враќал во дискотеки. Бакшишот беше толку сладок, што никој во салата не забележа дека ми дава пари. Тој само ја смота банкнотата и ми ја стави во џеб – рече Рајавиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top