| четврток, 6 декември 2018 |

Се реконструира регионалниот пат Битола-Ресен-Буково: Шест милиони евра за безбеден превоз на јаболковиот род

misjalovski

До крајот на годинава се очекува да бидат завршени активностите за обнова регионалниот патен правец Битола-Ресен-Буково.

– Станува збор за инвестиција во вредност од шест милиони евра со која ќе бидат реконструирани 27 километри, истакна министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, при денешниот увид на градежните активности.

Мисајловски рече дека регионалниот пат се асфалтира и оти очекува  првите седум километри да бидат завршени за месец до два и дел од патот од Битола кон Ресен да биде пуштен.

– Исто така, паралелно се работи на патот од Ресен кон Битола со што ќе се исполнат моите очекувања до крајот на годината комплетни да бидат рехабилитирани и санирани овие 27 километри. Овој проект е многу значаен за двата града и е составен дел на нашата програма, посочи Мисајловски.

Градоначалниците на Битола и на Ресен, Владимир Талески и Ѓоко Стрезовски, истакнаа дека патот е од исклучителна важност за двете општини и југозападниот регион.

– Жителите на двете општини ќе добијат нова реконструирана делница која ќе ја зголеми безбедноста на сообраќајот во кој често учествуваат големи тешки товарни возила кои вршат превоз на јаболковиот род, рече Стрезовски.

Реконструкцијата на регионалниот пат Битола-Ресен-превој Буково ја вршат градежните компании „Гранит“ и „Илинден“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top