| четврток, 6 декември 2018 |

Наместо среќа, Меси му донесе болка: Трагичен пресврт во животот на фудбалерот со дрес од кеса

Петгодишниот Муртаза Ахмади, кој светот го запозна откако фотографијата на која го носи дресот на Меси направен од пластична кеса стана вирална, поради љубовта кон аргентинскиот фудбалер ги проживува најлошите моменти во својот живот.

mesi-dete-dres33

Семејството на младиот Ахмади било присилено да побегне од родниот Авганистан поради страв дека детето може да биде киднапирано!

Кога се појави фотографијата на ова дете, корисниците на социјалните мрежи ширум светот се здружија за да го пронајдат детето, кое носеше пластична кеса со името на Лионел Меси, бидејќи не можел да си купи оригинален дрес.

dres-od-mesi

И самиот Меси беше потресен од оваа приказна, па посака на детето да му испрати подароци. После долгата потрага, детето е пронајдено и му се оствари најголемиот сон – доби оригинален дрес! Меѓутоа, изгледа ова му донесе повеќе штета од корист.

„Пред неколку дена добив повик од еден локален мафијаш. Мислел бидејќи мојот син добил дрес од Меси, сигурно сме добиле и пари. Бараше да му дадеме дел од тие пари“ – изјави таткото на Муртаз за „Би-Би-Си“.

1dres-od-mesi

Чувствувајќи дека ситуацијата не е сигурна, таткото одлучил да замине заедно со семејството од ризичната област Газни. Тој моментално живее во Кети во Пакистан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top