| четврток, 6 декември 2018 |

Државен завод за статистика: Цените во угостителството непроменети

Цените на угостителските услуги во април годинава се на исто ниво со претходниот месец, а се зголемени за 0,3 отсто во споредба со ланскиот април.

Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемување за 0,1 отсто е забележано во групата „храна“.

Цените на угостителските услуги, пак, за првите четири месеци од годинава се повисоки за 0,4 отсто од истиот период лани, додека во однос на декември 2015 година остана на исто ниво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top