
Mузичкото ар-ен-би дуо „ДНК“, пред промоцијата на новиот најавен албум „Уште еден ден“, работи со полна пареа. Оваа сабота, на 7 мај, во клубот „Палма“ во Берн, Андреј и Панчо ќе ги претстават своите хитови пред фановите во Швајцарија.
- Без подршката на нашите фанови нашиот успех нема да биде евидентен, а и без нив ние нема да сме она кое сме. Затоа сакаме да допреме и до нашата фан база вон границите на Македонија. Би сакале да ги поканиме сите обожаватели на нашата музика овој викенд во Берн, а она кое што можеме да ви го ветиме е несекојдневен настап, дружење и многу добра забава! – велат од „ДНК“.
Она кое што македонските фанови како и оние вон гранциите на нашата држава го очекуваат, е промоцијата на новиот албум на „ДНК“, „Уште еден ден“, која ќе се одржи на 9 мај во Скопје. За време на промоцијата ќе биде претставен и видео записот за новиот сингл на ДНК, насловен како „Стојам сам“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


