Со премиера на оперската претстава „Евгениј Онегин“ според поемата од Александар С. Пушкин, музика на Петар Илич Чајковски и во режија на Дејан Пројковски, на 9 мај во Македонската опера и балет ќе бидат отворени 44. Мајски оперски вечери.
-На програмата на годинашниот фестивал се 15 настани, од кои десет за возрасна публика, а пет се во придружната едукативна програма Мали мајски оперски вечери, соопшти уметничкиот директор на Операта Сони Петровски.
Во 10-те претстави за возрасни се пет опери во шест изведби (зашто премиерата на „Евгениј Онегин“ ќе има и реприза на 11 мај): „Риголето“ на 17 мај (со гости од Италија, Мексико, Косово и Бугарија), „Хофманови приказни“ на 24 мај (со гости од Полска, Австрија, Уругвај и Чешка), „Турандот“ на 26 мај (со гости од Италија, Австрија и Украина) и Вердиевата „Аида“ (со гости од Хрватска, Италија, Казахстан и Јапонија) со која традиционално на 31 мај се затвораат Мајските оперски вечери. Годинава во насловната улога ќе настапи сопранистката Весна ЃиновскаИлкова.
Годинава наместо една, ќе има две балетски претстави: „Лебедово езеро“ на 13 мај и современиот балет „Заспаните убавици“ на 20 мај. На програмата се и два концерта хорот од Белград „Вива вокс“ (на 14 мај), кој има гостувано на „Охридско лето“, а првпат доаѓа во Скопје, и галаконцерт под диригентство на Мориц Гнан од Германија, со солисти од Хрватска, Русија и САД.
-Малите мајски оперски вечери, наменети за најмладите, ќе се одржуваат од 15-ти до 29-ти мај, со пет претстави: премиера на операта за деца „Црвенкапа“, детските балети „„Доктор Офболи“ и „Петар Пан“ и концертите на детскиот хор „Отрада“ од Русија и на детскиот хор на МОБ „Фалсето“ кој по неодамнешното формирање првпат јавно ќе настапи на овој фестивал, рече Петровски.
Операта „Евгениј Онегин“, со која ќе бидат отворени Мајските оперски вечери, на сцената на МОБ ќе биде изведена по пауза од 34 години.
-„Евгениј Онегин“ е голем сон за секој режисер и опера за која, како што рече, се потребни лудост и храброст, како за секое големо дело, и преиспитување на авторската зрелост. Направивме оперска претстава која како главен лајтмотив ја има фаталноста. Работејќи на операта во овие месец и половина, се занимаваме со љубовта и страдањето на Онегин, Татјана, Олга и Ленски, обидувајќи се да ги пронајдеме клучните зборови кои ќе не водат: солзи, страв, каење, колнењето на вечната љубов и на крајот сите тие гребаници и бесконечни траги кои остануваат на срцата на сите нив. Направивме, би рекол, една жестока оперска претстава благодарение на сите солисти во претставата, рече Дејан Пројковски, кој ја режира претставата.
Тој посочи дека песната „Умилкување“ на Петре М. Андреевски е режисерски патоказ и кратко објаснување за тоа што е за него оваа претстава. Оваа песна на Андреевски зборува точно за фаталноста на љубовта и за подготвеноста да се направи се во име на таа љубов, додаде Пројковски.
Насловната улога ќе ја игра младиот баритон Иван Наумовски кој истакна дека се обидел да најде сосема свој Онегин, автентичен и различен од она што го гледал на сцена или филм. Се заблагодари што му е дадена шанса од МОБ на 25 години да го игра овој лик и тоа за отворање значајна манифестација како што се Мајските оперски вечери.
Во улогата на Татјана ќе настапи Тамара Калинкина од Украина, ликот на Олга ќе го игра Николина Јаневска, а Ленски ќе го толкува хрватскиот оперски пејач од ХНК во Осиек, Домагој Доротиќ. Диригент на претставата ќе биде Саша НиколовскиЃумар (и Иван Еминовиќ на репризата), кореограф е Олга Панго, сценограф Валентин Светозарев, а костимите се на Марија Пупучевска.
44 МАЈСКИ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ / 2016
ПРОГРАМА / PROGRAMME
09.05.2016 – 20.00
Свечено отворање / Official opening
ПРЕМИЕРА / PREMIERE
ЕВГЕНИЈ ОНЕГИН – Петар Илич Чајковски
EUGENE ONEGIN – Pyotr Ilyich Tchaikovsky
11.05.2016 – 20.00
ЕВГЕНИЈ ОНЕГИН – Петар Илич Чајковски
EUGENE ONEGIN – Pyotr Ilyich Tchaikovsky
13.05.2016 – 20.00
ЛЕБЕДОВО ЕЗЕРО – Петар Илич Чајковски
SWAN LAKE – Pyotr Ilyich Tchaikovsky
14.05.2016 – 20.00
ВИВА ВОКС (концерт)
VIVA VOX (concert)
17.05.2016 – 20.00
РИГОЛЕТО – Џузепе Верди
RIGOLETTO – Giuseppe Verdi
20.05.2016 – 20.00
ЗАСПАНИ УБАВИЦИ (современ балет)
THE SLEEPING BEAUTIES (contemporary ballet)
24.05.2016 – 20.00
ХОФМАНОВИ ПРИКАЗНИ – Жак Офенбах
THE TALES OF HOFFMANN – Jacques Offenbach
26.05.2016 – 20.00
ТУРАНДОТ – Џакомо Пучини
TURANDOT – Giacomo Puccini
28.05.2016 – 20.00
ГАЛА КОНЦЕРТ – КОНТРАТЕНОРИ
GALA CONCERT – COUNTERTENORS
31.05.2016 – 20.00
АИДА – Џузепе Верди
AIDA – Giuseppe Verdi
Управата на Н.У. Македонска oпера и балет ги задржува правата на промени во програмата и учесниците.
The management of the Macedonian Opera and Ballet retains the right for changes in the program and participants.
ПРЕМИЕРА
Петар Илич Чајковски
ЕВГЕНИЈ ОНЕГИН
09.05.2016 – 20.00
11.05.2016 – 20.00
Диригент: Саша Николовски-Ѓумар
Диригент II: Иван Еминовиќ
Режисер: Дејан Пројковски
Сценограф: Валентин Светозарев
Костимограф: Марија Пупучевска
Кореограф: Олга Панго
Концерт мајстор: Верица Ламбевска
Асс. Хор мајстор: Јасмина Ѓорѓеска
Светло дизајн: Васко Лисичов
Асс. Режисери: Трајко Јордановски, Љупка Јакимовска
НАСТАПУВААТ:
Ларина: Марика Поповиќ
Татјана: Тамара Калинкина (Украина), Олгица Милевска
Олга: Николина Јаневска
Филипјевна: Елена Петрушевска
Ленски: Домагој Доротиќ (Хрватска)
Евгениј Онегин: Иван Наумовски
Принц (Кнез) Гремин: Владимир Саздовски
Капетан: Диме Петров
Зарецки: Борко Биџовски
За „Евгениј Онегин“..
Работејќи на операта Евгениј Онегин имав свој режисерски патоказ замислувајќи ја и живеејќи со љубовта и страдањата на Онегин,Татјана, Ленски,Олга…солзи и срам…каење…колнење на вечна љубов…на крајот сите рани,гребаници по срцето сите страдања се како бесконечни траги што не може ни дождот да ги измие ни прикрие…но сепак уште еднаш врне дожд или се тоа можеби само солзите на дождот…Еве токму таа песна која беше моја режисерска партитура ќе ја споделам како моја режисерска експликација за оваа опера….останатото е молчење.
Умилкување – Петре М. Андреевски
Ќе ги отпретам сите горештини од твојата глава,
ко суво дрво на сува рида реките ќе ги заковам.
Ќе те претплатам на вечна љубов и вечни времиња
ќе те љубам и губам и во пости и пред гости
само да ме сакаш.
Ќе ги поткупам сите човечки сетила и патила.
Сите светлосни преѓи пресијазол ќе ги врзам,
сите денови и ноќи на својот почеток ќе ги вратам,
ќе ти дадам се што е солено и молено
само да ме сакаш.
Ќе спијам во движење, сенката своја ќе ја прескокам
ќе ги затнам сите извори, се што гори ќе отворам.
Ќе направам да не се знае кај е лево и десно,
ќе ти наберам ѕвезди, ќе ти влепам шлаканица
само да ме сакаш.
Ќе ги шпионирам сите крадци на твоите часови.
Ќе ги исфрлам од употреба страните на светот
и светот, по црна ноќ, одмижанка ќе го истрчам
и ќе те фалам и кудам под сите небеса
само да ме сакаш.
Кај ќе стасам ќе разделам топло од студено,
на шеќерот ќе му забранам да се споредува со тебе,
не ќе оставам растојание што ќе биде меѓу нас,
со ова што го велам и слепо и глуво ќе исцелам
само да ме сакаш.
Дејан Пројковски, режисер
13.05.2016 – 20.00
ЛЕБЕДОВО ЕЗЕРО – Петар Илич Чајковски
SWAN LAKE – Pyotr Ilyich Tchaikovsky
Диригент: Бисера Чадловска
Кореограф: Виктор Јаременко (Украина)
Главен репетитор и педагог: проф. Тања Вујисиќ-Тодоровска
Сценограф: Андреј Злобин (Украина)
Костимограф: Гана Ипатиева (Украина)
Репетитори: Лора Тарчуговска, Горан Божинов, Саша Евтимова
Концерт мајстор: Климент Тодороски
Светло дизајн: Милчо Александров
НАСТАПУВААТ:
Одета, Одилија: Шиори Kасе (Јапонија)
Принц Зигфрид: Јона Акоста (Куба)
Ротбарт: Дојчин Дочев (Бугарија)
Настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на МОБ
14.05.2016 – 20.00
ВИВА ВОКС (концерт)
VIVA VOX (concert)
Хорот Вива Вокс од Белград е основан пред 10 години од страна на група средношколци и нивната професорка и диригент Јасмина Лорин. Името го добива во 2005 година, а во 2009 година во нивните изведби хористите воведуваат „битбокс“, техника која заедно со специфичните аранжмани на песните кои ги изведуваат го формира уникатниот звук на хорот по кој се познати насекаде низ светот. Стилот на изведба на хорот Вива вокс поминува низ повеќе трансформации но денес тоа е уникатен микс на автентични акапела интерпретации на поп-рок и алтернативна музика надополнета со битбокс.
Изведбата на познатата песна „Ду хаст“ од германската метал група Рамштајн го прославува хорот на интернет во 2011 година и за само неколку дена ја зголемува неговата популарност во светски рамки. Откако медиумите и светската публика ќе дознаат за хорот, тие се стекнуваат со популарност во Србија и заминуваат на турнеи во Полска, Чешка, Македонија, Австрија, Белорусија и многу други земји, а настапуваат и на мега-популарниот фестивал Егзит во нови Сад и на фестивалот Sea dance во Будва.
Нивно најголемо достигнување е настапот во концертната сала на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк на 14 Јануари 2013 година како дел од прославите на Православната нова година. Вива вокс се единствена музичка група од регионот која добила шанса да настапи во средиштето на Обединетите нации, со што се придружува на малкумината големи уметници на кои им била укажана ваква чест. Хорот исто така настапува и во големата сала на плоштадот Тјананмен во Пекинг.
17.05.2016 – 20.00
РИГОЛЕТО – Џузепе Верди
RIGOLETTO – Giuseppe Verdi
Диригент: Џанлука Марчано (Италија)
Режисер: Нина Најденова (Бугарија)
Сценограф: Живојин Трајановиќ
Костимограф: Марија Пупучевска
Кореограф: Саша Евтимова, Киро Павлов
Концерт мајстор: Верица Ламбевска
Светло дизајн: Милчо Александров
НАСТАПУВААТ:
Риголето: Карлос Алмагер Вилалобос (Мексико)
Џилда: Зана Абази-Рамадани (Косово)
Војводата од Мантова: Михаил Михајлов (Бугарија)
Спарафучил: Владимир Саздовски
Мадалена: Марика Поповиќ
Монтероне: Васко Здравков
Гроф Чепрано: Диме Петров
Грофица Чепрано: Биљана Јосифов
Маруло: Кристијан Антовски
Борса: Дарко Нешовски
Џована: Ана Ројдева-Талевска
Паж: Десанка Глигоријевиќ
Офицер: Невен Силјановски
20.05.2016 – 20.00
ЗАСПАНИ УБАВИЦИ (современ балет)
THE SLEEPING BEAUTIES (contemporary ballet)
(според романот на Јасунари Кавабата „Куќата на заспаните убавици“)
Кореограф и сценска идеја: Саша Евтимова
Костимограф: Александар Ношпал
Музика: Рихард Вагнер, Едвард Григ, Ј. С. Бах, Густав Малер, Милан Димушевски
Видео проекција и филм: Предраг Милошевиќ
Светло дизајн: Васил Лисичов
Настапуваат: Александра Мијалкова, Мими Поп Алексова-Атанасовска, Марија Кичевска Шокаровска, Наташа Јосифовска, Саша Евтимова, Билјана Басмаџиева, Васил Чичијашвили (Грузија), Бобан Ковачевски, Игор Веланоски, Јан Кисилев, Мирослав Митрашиновиќ, Агим Бафтии
24.05.2016 – 20.00
ХОФМАНОВИ ПРИКАЗНИ – Жак Офенбах
THE TALES OF HOFFMANN – Jacques Offenbach
Диригент: Јануш Пшибилски (Полска)
Режисер: Урсула Хорнер (Австрија)
Сценограф: Марија Ветероска
Костимограф: Марија Пупучевска
Кореограф: Урсула Хорнер, Олга Панго
Концерт мајстор: Климент Тодороски
Светло мајстор: Васко Лисичов
Асс.костимограф: Марта Трендафилова
НАСТАПУВААТ:
Хофман: Себастијан Ферада (Уругвај)
Никлаус: Николина Јаневска
Олимпија: Ивана Здравкова
Џулиета: Олгица Милевска
Антонија: Ноемa Ерба (Чешка)
Линдорф, Копелиус
Дапертуто, Д-р. Миракл: Ернес Ибраимовски
Андрес: Дејан Стоев
Кошенил: Никола Стојчевски
Питикиначо: Дејан Стоев
Франц: Никола Стојчевски
Лутер: Диме Петров
Спаланцани: Зоран Даскаловски
Креспел: Борко Биџовски
Глас: Надежда Рубен
Шлемил: Невен Силјановски
26.05.2016 – 20.00
ТУРАНДОТ – Џакомо Пучини
TURANDOT – Giacomo Puccini
Диригент: Џанa Фрата (Италија)
Режисер / Сценограф / Костимограф: Џанкарло дел Монако (Италија)
Светло дизајн: Волфганг фон Цубек (Австрија)
Концерт-мајстор: Климент Тодороски
НАСТАПУВААТ:
Турандот: Оксана Крамарева (Украина)
Калаф: Симоне Фредијани (Италија)
Лиу: Лана Кос (Хрватска)
Тимур: Игор Дурловски
Пинг: Кристијан Антовски
Панг: Дарко Нешовски
Понг: Дејан Стоев
Мандарин: Славчо Димовски
Алтоум: Марјан Николовски
Принцот од Персиjа: Дарко Нешовски
Џелат: Тихомир Јакимовски
28.05.2016 – 20.00
ГАЛА КОНЦЕРТ – КОНТРАТЕНОРИ
GALA CONCERT – COUNTERTENORS
Оркестарот на Македонска Филхармонија
Диригент: Мориц Гнан (Германија)
Режисер: Дејан Прошев
СОЛИСТИ:
Макс Емануел Ценчиќ (Хрватска)
Василиј Хорошев (Русија)
Реј Ченез (САД)
31.05.2016 – 20:00
АИДА – Џузепе Верди
AIDA – Giuseppe Verdi
Диригент: Иво Липановиќ (Хрватска)
Режисер: Дејан Прошев
Сценограф: Зоран Костовски
Костимограф: Елена Дончева
Кореограф: Снежана Филиповска
Концерт-мајстор: Верица Ламбевска
Светло дизајн: Петро Димитровски
НАСТАПУВААТ:
Aида: Весна Ѓиновска-Илкова
Амнерис: Дина Хамзина (Казахстан)
Радамес: Рубенс Пелицари (Италија)
Рамфис: Игор Дурловски
Фараон: Кацухиро Котецу (Јапонија)
Амонасро: Марјан Јованоски
Главна свештеничка: Надежда Рубен
Гласник: Марјан Николовски
Солисти на Балетот: Ивана Коцевска и Дојчин Дочев (Бугарија)
Настапува балетскиот ансамбл на МОБ
МАЛИ МАЈСКИ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ / MAY OPERA EVENINGS junior 2016
ПРОГРАМА / PROGRAMME:
15.05.2016 – 12.00
ДОКТОР ОФБОЛИ – Игор Морозов (балетска претстава за деца)
DOCTOR AYBOLIT – Igor Morozov (ballet for children)
22.05.2016 – 11.00
ПРЕМИЕРА / PREMIERE
ЦРВЕНКАПА – Цезар Кјуи (оперска претстава за деца)
LITTLE RED RIDING HOOD – César Cui (opera for children)
27.05.2016 – 18.00
КОНЦЕРТ НА ДЕТСКИОТ ХОР „ОТРАДА“ – (РУСИЈА)
CONCERT OF THE CHILDREN’S CHOIR “OTRADA“- (RUSSIA)
28.05.2016 – 12.00
КОНЦЕРТ НА ДЕТСКИОТ ХОР „ФАЛСЕТО“ ПРИ МАКЕДОНСКА ОПЕРА И БАЛЕТ
CONCERT OF THE CHILDREN’S CHOIR “FALSETTO” – MACEDONIAN OPERA AND BALLET
29.05.2016 – 12.00
ПЕТАР ПАН (балетска претстава за деца)
PETER PAN (ballet for children)
Управата на Н.У. Македонска oпера и балет ги задржува правата на промени во програмата и учесниците.
The management of the Macedonian Opera and Ballet retains the right for changes in the program and participants.
15.05.2016 – 12.00
ДОКТОР ОФБОЛИ – Игор Морозов (балетска детска претстава)
Кореограф: Михаил Крапивин (Русија)
Сценограф: Живојин Трајановиќ
Костимограф: Марија Пупучевска
Репетитори: Лора Тарчуговска, Горан Божинов
Светло дизајн: Милчо Александров
Настапуваат балетски солисти и ансамблот на МОБ
22.05.2016 – 11.00
ПРЕМИЕРА / PREMIERE
ЦРВЕНКАПА – Цезар Кјуи (оперска претстава за деца)
LITTLE RED RIDING HOOD – César Cui (opera for children)
Режисер: Цветан Стојановски
Сценограф: Зоран Николовски
Костимограф: Бранкица Јордановска
Светло дизјан: Васко Лисичов
Асс. режисер: Бојана Краљевска
Настапуваат солисти и хорот на МОБ
27.05.2016 – 18.00
КОНЦЕРТ НА ДЕТСКИОТ ХОР „ОТРАДА“ – (РУСИЈА)
CONCERT OF THE CHILDREN’S CHOIR “OTRADA“- (RUSSIA)
Детски хор „Отрада“ при Черноостровскиот манастир Св. Никола
Сиропиталиштето за девојчиња при Черноостровскиот манастир има долга традиција на воспитување на млади девојки која базира на градење на комплетни личности не само преку квалитетно образование туку и со почитување на вистински семејни и морални вредности. За да ги остварат овие цели, раководството на домот за деца без родители и Манастирот одлучуваат да основаат хор и кореографско студио кое ќе им овозможи на девојчињата да се развиваат во вистински правец. Женскиот хор „Отрада“ изведува класична хорска музика, композиции со текст на големите руски поети, песни посветени на убавината на природата како и литургиски пеења. Во неговото досегашно постоење, хорот ја претставувал Русија во повеќе од 30 земји во светот каде девојките наидуваат на одличен прием кај широката публика но и кај почитувачите на традиционалното руско хорско музицирање.
28.05.2016 – 12.00
КОНЦЕРТ НА ДЕТСКИОТ ХОР „ФАЛСЕТО“ ПРИ МАКЕДОНСКА ОПЕРА И БАЛЕТ
CONCERT OF THE CHILDREN’S CHOIR “FALSETTO”- MACEDONIAN OPERA AND BALLET
29.05.2016 – 12.00
ПЕТАР ПАН (балетска детска претстава)
PETER PAN (ballet for children)
Кореограф: Џејмс Амар
Сценограф: Зоран Костовски
Костимограф: Марија Пупучевска
Репетитори: Лора Тарчуговска, Горан Божинов
Светло дизајн: Милчо Александров
Настапуваат балетски солисти и ансамблот на МОБ
ИНФОРМАЦИИ И БИЛЕТИ / INFORMATION AND TICKETS
Билетите можете да ги резервирате и купите: Билетарница тел: 02/3118-451
Online продажба на билети на: www.mob.mk
Booking and purchasing tickets at: Ticket Office: 02/3118-451
Online ticket sale at www.mob.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.