Уникатна фотографија на принцот Чарлс и Војвотката Камила со сите Британци, добитници на наградата „Оскар“.
Престолонаследникот и неговата сопруга организираа прием во палатата Сент Џејмс за 131 британски добитници на „Оскар“, за да им оддадат почит за нивните постигнувања и нивниот придонес кон Холивуд.
Тие се фотографираа опкружени со ѕвездите кои беа поканети, а меѓ нив беа Мајкл Кејн, Џим Броудбент, Џуди Денч, Колин Фирт, Џереми Пегли, Гленда Џексон, Бен Кингсли, Сем Мендес, Ванеса Редгрејв, Тим Рајс, Сем Смит, Меги Смит, Ема Томпсон, Марк Рајланс.
Откако во 1929 година се доделени првите награди „Оскар“, над 300 Британци се добитници на оваа престижна награда за актерски настапи, музика и технички достигнувања.
Само САД имаат повеќе оскаровци од Британија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.