| четврток, 6 декември 2018 |

Петир: Договорот кој беше потпишан да не се поткопува и да не се одложуваат изборите

На Македонија не и се потребни никакви тутори-амбасадори, македонските политичари и народ е доволно способен да ја води својата внатрешна политика, вели Маријана Петир, пратеник во Европскиот Парламент, која денеска е дел од дебата на тема „ЕУ разговори: Политиката на проживување и нејзините перспективи“ на која што таа беше главен говорник.

petir

Македонија одамна ги има исполнето сите услови за да се отворат преговорите со ЕУ, вели Петри и смета дека доколку се продолжи со оваа политика која до сега се води кон Македонија, Советот, а со тоа и унијата ќе го покаже својот не кредибилитет, а тоа не е добро.

-Никогаш на ниту една држава која била кандидат за членство во ЕУ не и биле поставени услови кои се однесувале на билатерални прашања. А сите знаеме дека Македонија не е дел од унијата поради билатерално прашање со Грција. Од оваа позиција на оваа денешна конференција јас повторно ќе го повикам Советот да ги отвори преговорите со Македонија, бидејќи Македонија тоа го заслужи. Секако дека патот на европска интеграција на Македонија е отежнат од внатрешните политички проблеми. Јас денеска не дојдов овде да делат совети за тоа што Македонија треба да направи по тоа прашање, поради тоа што македонските политичари имаат доволно капацитет за да го решат ова прашање и доволно љубов за сопствениот народ за да сфатат дека приоритет се евро-атлантските интеграции и дека по тоа прашање треба да постигнат единство, вели таа.

Петир вели дека со заеднички сили треба да се решат внатрешните проблеми, договорот кој лани беше потпишан да не се поткопува и повеќе да не се одложуваат изборите.

-На Власт се доаѓа по демократски пат. На власт се доаѓа преку избори на кои оној кој ја добил мнозинската поддршка има легитимитет, вели таа.

-Секој презеде обврски од договорот од лани. Дали ДИК ги исполни своите обврски. ДИК е именувана од Собранието, легитимно и е составена од 3 претставници на власта, 3 од опозицијата и 3 експерти. Па така ДИК нека излезе и нека каже дали има услови за избори и тоа треба да го каже овластеното тело а некој од страна. Тоа не можам да го кажам ниту јас ниту претставници на некои други земји. Тоа нам не ни е работа, вели Петир.

Европска Унија не може да донесе никакви санкции кон Македонија, вели таа.

-Вие сте самостојна и суверена дражва која има свој Устав и во таа смисла функционирате како самостојна држава и јас не гледам дека ЕУ може да донесе било какви санкции кон Македонија. Јас ја повикувам ЕУ и сите оние за кои сметам дека се добронамерни да и помогнат на Македонија, пријателството се покажува преку помагање а не преку одмагање, заклучува таа.

Македонија има многу значајна улога во бегласката криза заклучува таа и додава дека тоа се покажа и Македонија добро реагираше, навремено и побара помош кога и требаше.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top