По традиција, првиот четврток и петок по Велигден во манастирскиот комплекс „Свети Димитрија“, која се наоѓа на неколку километри од Велес, православните христијани вечерва и утре го празнуваат празникот Источен Петок – Балаклија, посветен на Пресвета Богородица.
Овој ден се прославува како слава на градот Велес, при што центарот на празнувањето е манастирскиот комплекс „Св. Димитрија“ и околните цркви „Св. Петка“ и „Св. Никола“. И оваа година, како и сите години наназад, велешани масовно ги посетуваат овие три христијански храмови и според христијанските обичаи палат свеќи за здравје.
По повод утрешниот празник Источен петок – Балаклија вечерва во манастирот „Свети Димитрија“, митрополитот Повардарски Агатангел во сослужение со свештеници од Повардарската епархија одржа Вечерна богослужба.
Утре изутрина во истиот манастир „Свети Димитрија“ митрополитот повардарски Агатангел ќе одржи и Света Златоустова Литургија.
Манастирот „Свети Димитрија“ има интересна историја бидејќи пет века бил затрупан под земја за да биде сочуван од османлиите. Во 1820 година, откако на сон му се јавил на еден воденичар, Петар Здравев, повторно е откопан и ја догледува светлината на денот. Велешани со години ја чуваат оваа традиција и масовно по Велигден на манастирската слава го посетуваат манастирот и околните цркви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Лек за неплодност-водата што извира во Сливнички манастир
-
Денес водата е најлековита – девојките да појдат до Свети Наум
-
Водата од овој манастир прави чуда: Неподвижни прооделе, слепи прогледале, неми прозбореле (ВИДЕО)
-
Спас од камен во бубрег: На 15 километри од Кичево најлековитата вода во Македонија