Во новиот број на Република кој е во продажба од утре, 6 мај 2016 година, ќе читате:
Обединети за иста цел
Сојуз за распад на Македонија
Покрај двете главни сили, кои со мали паузи веќе пет години водат битка за доверба кај измачените македонски граѓани на маргините на последната македонска политичка криза, сѐ посилни се одредени групи, кои како хиени, чекаат да дојдат до својот плен. Дел од овие групи се надеваат на целосно разјадување на македонскиот безбедносен систем по што ќе можат полесно да ги спроведат своите планови поврзани со иднината на Македонија. Дел од нив очекуваат да се создаде можност за целосно редефинирање на системот на вредности на морални правила по кој ќе можат јавно да промовираат стандарди кои досега беа невообичаени вредности. Некои од нив сметаат дека нивната шанса да дојдат до општествено влијание е доколку евентуалните промени во државата доведат до ревизија на историјата, а некои, пак, кризата ја користат за да најдат оправдување за своите антинационални дејанија.
Хибридна војна
Дестабилизацијата е во интерес на сите освен на Македонците
Македонската политичка криза ги отвори можностите тука да се испорачуваат политички барања на различни групи – странски анархисти, албански екстремисти, криминални групи од Косово, српски „професионални“ демонстранти. И сите најдоа свој фокус во оваа криза.
Додека СДСМ преку учество во власта го разорува безбедносниот систем однатре, на површина испливаа и договорите на Зоран Заев со радикалните структури во албанскиот блок за меѓусебна поддршка. Додека на една страна се продаваат термините „слобода и демократија“ од другата се игра на „редефинирање и федерализација“. Оваа широка лепеза е врзното ткиво на таканаречената шарена револуција зад која се кријат сечиите интереси, освен интересите на македонскиот народ, кој бара крај на кризата и нормално функционирање на државата.
Под чадорот на Заев и на Верушевски веќе втора година секој ја гледа својата можност за наметнување политички барања. Во оваа „хибродна војна“, Беса и албанската дијаспора од Македонија во најмала рака гледаат можност за повторување на сценариото од 2001 година.
Македонија нема цена
Револуција не се добива со пари
Самиот збор „револуција“ подразбира коренит пресврт во општеството, кој најчесто е проследен со насилства. Судејќи по начинот на кој Заев и чадорот се обидуваат да ја сменат власта, „шарената револуција“ во овој дел целосно го оправдува името. Истите тие револуции најчесто со себе носат големи промени во структурата на моќта кои резултираат со ново институционално насилство преку чистки на неистомисленици. Начинот на однесување на министрите од СДСМ, но и заканите на Заев, кој се фалеше дека ќе јаде живи луѓе, покажуваат дека сценариото за насилно менување на власта ја предвидува и оваа револуционерна фаза. Сепак, вистинските револуции освен насилството, во себе носат идеја, имаат силни слогани и маркантни водачи кои остануваат запаметени уште долго време по завршувањето на револуцијата. Во овој дел домашните револуционери целосно потфрлаат. Наместо по идеите и по водачот, ќе останат запаметени по апсурдите за кои може да се пишува до недоглед, но ќе издвојам само неколку.
Оркестрирани шпекулации за стабилноста на денарот
Девизи има, курсот е стабилен
Граѓаните непотребно влегоа во зона на паника и на страв за своите штедни влогови во денари подгреани од шпекулациите дека ќе има девалвација на денарот. Тоа натера голем дел од луѓето да купуваат девизи со денарите што ги имаат, но и денарските заштеди да ги претвараат во евра. Во ваквата вештачки создадена ситуација подебелиот крај го извлекоа луѓето што, реално, имаа потреба, а не можеа да најдат девизи заради патување во странство, додека, пак, дел од менувачниците го собраа кајмакот со подигнување на курсот на еврото. И што ќе се случи утре кога тие што се изнакупуваа евра, ќе имаат потреба за денари, па ќе треба да ги продаваат еврата? Тие повторно ќе бидат во загуба, а менувачниците повторно во добивка. Токму затоа тензијата ја смируваат банкарите и монетарната власт, кои се децидни дека денарот е стабилен и ќе остане стабилен и дека нема никаков простор за загриженост на граѓаните и на бизнисот. Според одговорните, нема апсолутно никакви услови да се наруши макроекономската стабилност и стабилноста на курсот на денарот.
Поучна приказна од САД
Како Трамп ја победи елитата?
Приказната за Доналд Трамп, еден од најконвенционалните кандидати за претседател што САД ги имале во историјата е поучна не само за западниот свет туку и за другите земји како Македонија. Американецот со германско потекло, женет за словенечка топ-моделка, ја предизвика традиционалната американска политичка елита и ја победи. Без разлика што најголем дел од демократите и голем дел од неговите републиканци се противат на идејата Трамп да ја води Америка во наредните четири години, без разлика што тој против себе ги имаше моќните американски медиуми и креатори на јавното мислење што од почеток како неодораснат го исклучија од битката за претседател, Трамп стигна во дворот на Белата куќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст