| четврток, 6 декември 2018 |

Одбележување на Денот на реката Дрим

Под мотото „Во срцето на Дрим-река на жива вода“ денеска во комплексот „Свети Наум“ во Охрид ќе се одбележи Денот на реката Дрим, на иницијатива на еколошкото друштво „Грашница“, а со поддршка на проектот на ГЕФ.

Целта на настанот е подигање на свеста на населението за значењето на одржливото управување со сливот на реката Дрим.

Во рамки на активностите ќе биде спроведена акција за чистење на отпад од влезот на комплексот „Свети Наум“ до вливот на Црн Дрим во Охридското Езеро, а ќе се одржи и јавна дискусија на тема „Начини за зачувување на биолошката разновидност од дримскиот слив и неговите непроценливи екосистемски услуги“.

Слични настани ќе се организираат низ целиот дримски слив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top